Нови производи во палетата на Ozone Gold

Нови производи во палетата на Ozone Gold

Откријте ги новите гелови за туширање на Ozone Gold: Vanilla-Caramel и Chocolaté – врвно искуство за вашата кожа!

Со задоволство ви ги претставуваме најновите производи во палетата на Ozone Gold – геловите за туширање Vanilla–Caramel и Chocolatè. Дизајнирани со посебно внимание кон потребите на вашата кожа, овие производи ја комбинираат моќта на озонираното маслиново масло со богатите, освежувачки ароми, обезбедувајќи интензивна хидратација и чувство на вистинска нега и релаксација при секое туширање.

Нашата мисија е секојдневно да го подобруваме вашето искуство и да ја збогатиме рутината за убавина со производи кои користат природни состојки, врвни ароми и ефективни формули. Геловите Vanilla-Caramel и Chocolatè секое туширање го претвораат во совршено уживање, со кое го враќате сјајот и свежината на вашата кожа.

Vanilla-Caramel гел за туширање – Топлина и енергија во секој допир!
Препуштете ѝ се на богата, сензуална арома која ќе го релаксира вашето тело и ќе ви ја подари свежината на сончев ден. Гелот Vanilla-Caramel не само што ја чисти и храни кожата, туку и остава долготрајна мирисна нота која потсетува на топлина и луксуз. Со овој гел, секојдневното туширање станува момент на уживање што ќе ги разбуди сите ваши сетила и ќе и подари на вашата кожа длабока хидратација, нега и чувство на свиленкост и мекост.

Chocolaté гел за туширање – Богата, свиленкаста текстура која овозможува нежен допир и свежина!
За сите кои сакаат нежна кожа и мирис кој носи чувство на спокој, Chocolaté е вашиот идеален избор. Природен мирис на чоколадо што го релаксира и освежува телото и умот. Погоден за сите типови кожа, благодарение на внимателно избраниот состав кој ја одржува кожата здрава и заштитена, оставајќи ја мека, освежена и пријатно миризлива.

Со новите Vanilla-Caramel и Chocolatè гелови, Ozone Gold ви нуди уникатно искуство што спојува нега и раскош. Претворете го секое туширање во момент на грижа за себе со мириси кои ќе ве инспирираат и ќе ја разбудат вашата самодоверба.

Продолжете со читање

Слични статии

Ozone Gold на најголемиот светски саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna

Ozone Gold меѓу најдобрите светски брендови – изложувачи на најголемиот глобален саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna Од 16. до 20. Март во Болоња, Италија, се одржа 54-то издание…

Прочитај статија →

Перо Антиќ во новата видео реклама на Ozone Gold – Блокирајте ја болката со Ozone Fix

Дури и шампионите не се имуни на болка. Независно дали се работи за спортскиот терен или за теренот на секојдневниот живот, болката сериозно може да ја наруши нашата хармонија и…

Прочитај статија →

Стручно-едукативно предавање на тема „ХПВ асоцирани болести“ во „DoubleTree by Hilton“ под покровителство на Ozone Gold

(20.04.2022, Скопје) Вчера во Хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје под покровителство на OZONE GOLD се одржа стручно едукативно предавање кое во својот фокус ја постави темата „ХПВ…

Прочитај статија →