Ozone Gold на најголемиот светски саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna

Ozone Gold на најголемиот светски саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna

Ozone Gold меѓу најдобрите светски брендови – изложувачи на најголемиот глобален саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna

Од 16. до 20. Март во Болоња, Италија, се одржа 54-то издание на највлијтелниот и најголемиот светски саем за козметика Cosmoprof Worldwide Bologna, каде меѓу 2.700 светски изложувачи со својата ексклузивна програма се претстави и нашиот бренд за здравје и убавина Ozone Gold.

На овој етаблиран настан чија основна цел е и вмрежување на бизнисите од оваа сфера, имавме можност да ја презентираме нашата богата палета на иновативни производи, пред стручната светска јавност која покажа огромен интерес за нашата понуда, особено од аспект на тоа дека нашата основна формула имплментирана во составот на производите е базирана на природни состојки, што е од особено значење во современиот свет на козметиката, здравјето и убавината.

Притоа, нашиот тим имаше можност да се запознае и со сите актуелни тенденции во светот на козметиката, а со тоа  да го одржува чекорот со сите новитети и истите да ги користи во стратегијата на работа на брендот, со цел да им обезбеди што поквалитетно искуство на своите клиенти.

Со 20-тина иновативни производи кои направија револуција на пазарот благодарение на иновативната формула со природно ладно цедено маслиново масло и чист медицински озон, и со присуство на најголемите светски пазари низ цела Европа и Северна Америка, Ozone Gold важи за еден од најпопуларните брендови за здравје и убавина.

Линија на уникатни производи на Ozone Gold, е изработена според најсовремените стандарди и е наменета за подобрување на здравјето и негување на убавината. Производите на овој германски бренд се произведуваат во сооднос со добра производствена пракса и највисоки стандарди на квалитет.

Озонираното маслиново масло, кое го има во производите Ozone Gold, ја чисти кожата од бактерии и вируси и ја забрзува циркулацијата на крвта, а интензивниот кислород што се ослободува го забрзува самообновувањето на оштетената површина на кожата. Вториот механизам на дејство е активирањето на сопствените системи за обнова на телото преку создавање контрола на оксидативниот стрес. Дополнително, озонот и до десет пати ги зголемува ефектите на супстанциите со кои се користи.

Продолжете со читање

Слични статии

Нови производи во палетата на Ozone Gold

OZONE GOLD – ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ ВАНИЛА-КАРАМЕЛА 240 ден Цена со ДДВ Купи сега OZONE GOLD – ГЕЛ ЗА ТУШИРАЊЕ ЧОКОЛАДО 240 ден Цена со ДДВ Купи сега Откријте ги новите гелови за туширање на Ozone…

Прочитај статија →

Перо Антиќ во новата видео реклама на Ozone Gold – Блокирајте ја болката со Ozone Fix

Дури и шампионите не се имуни на болка. Независно дали се работи за спортскиот терен или за теренот на секојдневниот живот, болката сериозно може да ја наруши нашата хармонија и…

Прочитај статија →

Стручно-едукативно предавање на тема „ХПВ асоцирани болести“ во „DoubleTree by Hilton“ под покровителство на Ozone Gold

(20.04.2022, Скопје) Вчера во Хотелот „DoubleTree by Hilton“ во Скопје под покровителство на OZONE GOLD се одржа стручно едукативно предавање кое во својот фокус ја постави темата „ХПВ…

Прочитај статија →